Веапоска: Супервештачењето е на моја страна, барам затворска казна за лекарите
Денеска во Основниот суд Струга за 18 март се одложи рочиштето за предметот каде на родилката од Дебар Јалдз Веапоска ѝ беа извадени матката јајникот и бубрегот при царски рез. Обвинети се гинекологот и тогашен директор на струшката болница Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска.
Препорачано
Во судница не беше презентирано супервештачењето, кое беше изготвено откако досегашните вештачења од Институтот за судска медицина и од вештакот Драге Дабески се покажаа како спротиставени. Но, супервештачењето е изготвено. Веапоска за „Слободен печат“ вели дека нејзиниот адвокат Сашо Јанев го добил извештајот од супервештачењето и во него се наведувало дека постојат пропусти и повреди и вина кај лекарите и болницата.
-Супервештачењето е на наша страна, дека се виновни. Опфатена е и болницата во Струга, дека имаат грешка. Судењето се одложи за 18 март зашто приговараа адвокатите на докторите за супервештачењето, дека докторите што го изготвиле биле од приватни болници а не од државни болници. Супервештачењето не им се допаѓа. Благодарение на судска медицина и супервештаците правдата излезе на виделина, дека имало лекарска грешка и треба да одговараат зашто тука се работи за живот. Очекувам затворска, а не условна казна, ни изјави Веапоска.


