Ве мачи мигрена? Научниците открија кои фактори прецизно го предвидуваат почетокот на болката

Фото: Pexels / Andrea Piacquadio

Мигрената често е недоволно дијагностицирана и не се лекува, па дури и кога се лекува, тоа не е доволно рано за да се спречат нападите.

Една нова студија на научниците од Националниот институт за здравје во Мериленд, САД, разгледа неколку начини за попрецизно предвидување кога ќе се појави мигрена – преку употреба на мобилни апликации за следење на факторите кои влијаат како што се спиењето, енергијата, емоциите и стресот. Тие открија дека два фактори драстично ги зголемуваат шансите за мигрена.

Моделите што ги пронајдоа го нагласуваат влијанието на деноноќниот ритам или природниот циклус на физички и промени во однесувањето во период од 24 часа. Двата фактори кои ги откриле биле лошиот сон и стресот.

Лошиот сон и ниското ниво на енергија претходната ноќ речиси гарантираат болни главоболки следното утро. Во исто време, денот со висок стрес ги зголемува шансите да страдате од мигрена следното попладне или вечер.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека одржувањето на добра хигиена на спиењето, одењето во кревет во исто време секоја вечер и обезбедувањето дека спиете најмалку седум и пол часа може драстично да ги намали вашите шанси за мигрена.

Некои превентивни мерки што едно лице би можело да ги преземе вклучуваат што е можно повеќе управување со нивото на стрес, бидејќи се покажа дека кортизолот игра улога во предизвикувањето на овој тип на главоболка.

Земањето ибупрофен или сличен нестероиден лек за болка, исто така, може да помогне во спречување на мигрена ако се забележат раните симптоми, како што се чувствителност на силна светлина, гадење, вртоглавица и замор.

Мигрената генерално е недоволно истражена и недоволно дијагностицирана. Се проценува дека 15 до 18 проценти од жените и шест проценти од мажите имаат мигрена, но само околу една четвртина од нив добиваат соодветна дијагноза и третман.

Инаку, студијата, објавена во списанието на Американската академија за неврологија, „Невролоџи“, опфатила 477 луѓе на возраст меѓу седум и 84 години, од кои половина имале мигрена.

Од нив било побарано да водат дневник за главоболка за да го евидентираат нивното расположение, енергија, нивоа на стрес и напади, бидејќи тие се случувале четирипати на ден во текот на две недели. Исто така, секојдневно го проценувале квалитетот на сонот и носеле монитори за спиење и физичка активност.

Оние кои изјавиле дека спијат лошо имале во просек 22 отсто поголеми шанси да доживеат напад на главоболка следното утро. Слично на тоа, намалувањето на квалитетот на спиењето беше поврзано со 18 отсто зголемена шанса за напад на главоболка следното утро.

Намалувањето на вообичаеното ниво на енергија претходниот ден е поврзано со 16 отсто поголеми шанси да имате главоболка следното утро. Повисоките просечни нивоа на стрес и значително повисоките нивоа на енергија претходниот ден беа поврзани со 17 отсто поголеми шанси да доживеете главоболка следното попладне или вечер.

Научниците забележале дека ниту нивоата на анксиозност ниту депресија не биле поврзани со ризикот од мигрена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот