ВЕ МАЧИ БОЛЕН ПМС? Со овие совети олеснете си ги симптомите
Менструалните болки, како и симптомите кои жените ги чувствуваат неколку дена пред почетокот на циклусот, може да бидат ужасни.
Се појавуваат речиси кај секоја жена, но со различен интензитет. Кај некоја се поподносливи, додека други мораат да земат боледување за да можат да се справат со симптомите.
Ова се неколку лесни трикови со кои можете да ги олесните симптомите на ПМС:
Правилна исхрана
Исхраната е клучна за решавање на многу здравствени проблеми кои ги имаме, вклучително и ПМС кај жените. Практикувајте исхрана богата со овошје и зеленчук, вклучете куркума, а со помош на индискиот орев ќе имате помалку болни грчеви во матката.
Планирајте го земањето лекови против болка
Постојат случаи во кои земањето лек против болка е неизбежно. Можеби овој совет ќе ви се чини чуден, но добро е да ги земете кога ќе почувствувате и најслаба болка, за која знаете дека подоцна ќе биде неподнослива. На овој тип на лекови им е потребно време за да делуваат, а кога болката е преголема не можете толку да чекате.
Витамин Б и рибино масло
Чајот може да ве смири, но нема да направи ништо посебно за вашите болки. Но, за да ги намалите грчевите, можете да земете витамин Б и рибино масло, кои ќе го смират воспалителниот процес, а со тоа и болките.
Стоплете се
Загревањето на стомакот е клучно во борбата против ПМС. Дури и кога надвор е топло, може да се случи во овие денови да ви биде студено. Затоплувањето ќе го релаксира мускулот на матката, а со тоа и ќе ги смири болките.