Вашингтон Пост: Советници на Трамп признаваат дека не можат да ја спречат победата на Бајден
Советници на американскиот претседател Доналд Трамп признаа при приватни средби дека најверојатно нема да можат да спречат Џо Бајден да ја преземе функцијата откако новоизбраниот претседател ќе биде прогласен за победник од Изборниот колеџ, објави Вашингтон пост.
Единаесет од најблиските советници на шефот на државата, вклучително и шефот на Кабинетот Марк Медоус, претседателката на Националната комисија на Републиканската партија, Рона Мекданиел и неофицијалниот советник Кори Левандовски, изјавиле дека се загрижени за шансите за успех во судските процеси, доколку не се појават повеќе докази, кои засега ги немаат, објави весникот, повикувајќи се на свои извори.
Трамп се состанал со своите советници вчера попладне за да разговара дали има начин за напредување во судската борба, соопшти весникот, повикувајќи се на свој извор. Тој додаде дека американскиот лидер планира да продолжи со борбите, но сфаќа дека ќе биде тешко. Претставникот додаде дека работите се менуваат на секој час.
Потврдата за резултатите од изборите во одделните држави мора да заврши до почетокот на декември.
Извор:МИА