Вардар убедливо славеше во контролниот меч со Тетекс

Фото: ФК Вардар

Додека траат репрезентативните обврски, клубовите го користат периодот за одигрување на пријателски натпревари пред да продолжи сезоната.

Фудбалерите на Вардар во контролен меч денеска убедливо со резултат 3:0 го совладаа составот на Тетекс.

Стрелци на головите за скопските „црвено-црни“ на стадионот „Борис Трајковски“ беа Омерагиќ (16`), Глишиќ (32`) и Биљали (48`).

На последниот прволигашки меч против тетовска Шкендија играчите на Александар Васоски загубија со 0:2.

Во следното коло Вардар, кој моментно е на последната 12 позиција во шампионатот, ја очекува скопска пресметка против седмопласираниот Работнички на 22 октомври.

Од друга страна, Тетекс се обидува да се врати во елитата, моментно по осум кола во Втората лига има 13 бодови на шестата позиција. На последните четири дуели има учинок од три победи и едно реми, а во следното коло на 21 октомври ќе му гостува Вардар Неготино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот