Валбон Лимани нов генерален секретар на Алијанса за Албанците?!

Арбен Тарвари - Валбон Лимани/ Фото приватна архива
Арбен Тарвари - Валбон Лимани/ Фото приватна архива

Под мотото „Избери иднинаАлијанса за Албанците на 27 март ќе го одржи својот партиски Конгрес. Како што дознава „Слободен печат“ од партиски ивори, на позицијата генерален секретар на АА на местото на Арбен Таравари, кој неодамна најави дека се повлекува од својата партиска функција, доѓа Валбон Лимани, кадар од Гостивар и сегашен претседавач со Советот на општина Гостивар. Промени се очекува да има и на потпретседателските места на партијата.

Од досегашните потпретседатели Бујаре Абази, Илми Азири, Ремзи Мемеди и Вулнет Мурсели, за уште еден мандат може да се надева само Ремзи Мемеди кој беше и шеф на изборниит штаб на партијата во последните два изборни циклуси.

Нови имиња кои се споменуват за потпреседатели на АА се Азем Садики – актуелниот градоначалник на Студеничани кој направи трансфер од ДПА во АА веднаш по реизборот на минатогодишните локални избори. За потпретседатели се споменуваат и имињата на пратеничаката Илире Даути и Омер Ајдини кој е сегашен претседател на младинскиот партиски форум.

Меѓу членовите на АА има поделеност и за лидерската позиција на партијата. Значителен дел мислат дека таа позиција треба да ја преземе Арбен Таравари, но самиот тој изјавил дека би го прифатил предизвикот да биде партиски лидер, само во случај за таа позиција да не се кандидира Зијадин Села.

ВМРО-ДПМНЕ го сака Таравари на чело на Алијанса за Албанците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот