Зоолошката градина Палиќ: Лавицата Кики страда, вакви животни не можат да се чуваат како миленици

Зоолошка градина Палиќ/Фото: Принтскрин/Фејсбук

Откако почна сама да зема вода и храна, се надевавме дека сепак може да биде добро, но органите сега почнуваат да ѝ откажуваат, велат надлежните од ЗОО.

Зоолошката градина Палиќ објави на фејсбук-профилот нови детали поврзани со случајот со малата лавица Кики,  оттаму велат дека терапијата е користена по совет на ветеринари од меѓународни организации кои се занимаваат со закрепнување на големи мачки, особено лавови во Јужна Африка и Холандија, така што сите лекови кои дополнително лошо би влијаеле на оштетувањата на овие органи кај лавовите биле избегнати.

– Откако почна сама да зема вода и храна, се надевавме дека сепак може да биде добро, но органите сега почнуваат да ѝ откажуваат. По продолжено гладување и слабост, општата состојба е многу лоша. Самата потреба да се чува во затворен простор за закрепнување е многу стресна за лавицата, која сега е на возраст кога треба да игра и да ја истражува околината. Дури и да ѝ се вратат силите, сигурно е дека ќе продолжиме да имаме вакви проблеми, бидејќи е многу тешко да се обезбеди потребниот одмор – велат во Зоолошката градина Палиќ.

Поради себичниот, неодговорниот и арогантен однос, Кики сега трпи огромни страдања и стресови!

Надлежните велат дека „сите треба конечно да станеме свесни дека таквите животни не можат да се чуваат како домашни миленици, бидејќи тоа не е во нивната природа“.

– Многу е себично, неодговорно и арогантно да се смета дека неколкумесечната забава вреди за страдањето и стресот што сега го трпи ова кутро суштество. Затоа апелираме до сите граѓани да не купуваат егзотични животни и да го пријават секој кој чува такви видови и се занимава со нивна трговија. Се надеваме дека малата лавица може да се врати од работ на смртта, по сето малтретирање што го доживеа од рацете на „луѓето“ кои живеат меѓу нас – велат тие.

Да потсетиме, младенче (лавче) старо околу пет до шест месеци беше пронајдено на патот кај Суботица на 21 септември од маж кој одел на работа. На негов повик, полицијата, а потоа и екипата на Зоолошката градина излегла на местото на настанот. Малата лавица била видно исцрпена, дехидрирана и гладна, а наодите од ветеринарната лабораторија откриле дека нејзината здравствена состојба е многу лоша.

Најверојатно никогаш не била соодветно згрижена, никогаш претходно не пробала месо и дека пиела само кравјо млеко, кое не би требало да го пие, пишува „Ало.рс“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот