Вакси – снимање селфи при вакцинирање: Тренд што го започна Елвис Присли, а сега се вклучија Бајден, Шварценегер, Шон Пен…

Instagram

Пандемијата на ковид-19 поттикна нов тренд во светот, т.н. вакси (vaxxie). Во прашање се селфи фотографии што луѓето ги снимаат додека примаат вакцини, а се сигурен клуч за реакција на социјалните мрежи.

Бидејќи коронавирусот е главна тема речиси една година, многу инфлуенсери во своите објави редовно предупредуваат на важноста на вакцинацијата, а доколку тоа можат и да го поткрепат со сопствената вакцинација, публиката е загарантирана.

Бидејќи пандемијата одзема многу задоволства, како што се патувања, ресторани, одење во клубови, бројни места каде што бевме среќни да се фотографираме, луѓето изгледа немаат друг избор освен да се пофалат со вакцинирањето.

Новиот американски претседател Џо Бајден во декември беше еден од предводниците на „вакси“.
Заедно со своето селфи, тој напиша: „За сите Американци – знајте дека нема од што да се плашите. Штом вакцината ќе биде достапна, ве молам да ја земете“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joe Biden (@joebiden)

Сличен начин на документирање дека се вакцинирале, избраа познатите актери Џоан Колинс и Арнолд Шварценегер, кој драматично додаде „Придружи ми се, ако сакаш да живееш“, парафразирајќи ја репликата од „Терминатор“.

 

Исто така, осамнаа и фотографии од вакцинирањето на Камала Харис, Џејн Фонда, Шон Пен, Марта Стјуарт…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kamala Harris (@kamalaharris)

Но, многу одамна, една славна личност беше фотографирана како прима вакцина, иако во тоа време немаше мобилни телефони, па ја фотографираа други. Тоа беше „кралот на рокенролот“ Елвис Присли, кој ја прими вакцината против детска парализа пред камерите зад сцената на шоуто на Ед Саливан, во далечната 1956 година.

И Елвис Присли примил вакцина за да ги убеди луѓето да се вакцинираат

Покрај политичарите и луѓето во домовите за стари лица, предност при вакцинирањето имаат здравствените работници

Стивен Халидеј, професор по медицина на Универзитетот во Висконсин, вели дека селфи од вакцинирањето е добар поттик за моралот, а со тоа се поттикнува и идејата дека вакцината е безбедна и пожелна.

Дополнителен бонус на автопортретите што ги обиколуваат социјалните медиуми е тоа што тие даваат трошка надеж и чувство на солидарност со медицинските работници кои генерално речиси изгореа – изјавил Халидеј за „Кат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот