И Елвис Присли примил вакцина за да ги убеди луѓето да се вакцинираат

инстаграм

Светот очигледно, во некои работи, не се менува.

Во 1956 година светот се соочил со нова опасност – епидeмија на полио или детска парализа (заразна болест предизвикана од полиовирус, кој го напаѓа нервниот систем).

Вакцината против полио била одобрена, но исто како и денес, многумина биле скептични и не сакале да се вакцинираат. Па, така, во целата таа приказна влегол и „кралот на рокенрол музиката“ лично.

По гостувањето во емисијата на тогаш популарниот водител Ед Саливан, Присли се согласил да ја прими вакцината. И, секако, бројот на тинејџерите што потоа одлучиле да ја примат вакцината скокнал од 0,6 на неверојатни 80 отсто!

Медицинската сестра Рут Тејбер која го убедила да ја прими вакцината е жива и има 91 година. Таа едноставно го повикала Елвис Присли и го замолила да им помогне, а тој и се согласил.
На прашањето дали и денешните светски мега-ѕвезди како, на пример, Бијонсе, би требало да го направат истото, Рут вели – апсолутно!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот