Вакцината „КјурВак” има ефикасност од само 47 отсто

epa08986719 A view of a logo of biopharmaceutical company CureVac at the main building in Tuebingen, Germany, 04 February 2021. German biotech firm CureVac produces the 'CVnCoV' vaccine against Covid-19. EPA-EFE/RONALD WITTEK

Германската биотехнолошка компанија „КјурВак” (CureVac) соопшти дека нејзината вакцина против ковид-19 е ефикасна само 47 проценти во подоцнежната фаза од испитувањето, поради што во прашање се доведуваат потенцијалните испораки на стотици милиони дози за Европската унија.

Британските медиуми пренесуваат дека Европската унија како досега единствениот и главен клиент на вакцината „КјурВак”, во ноември резервира околу 405 милиони дози, по што беше проследен меморандум за разбирање со Германија за дополнителни 20 милиони дози.

Компанијата соопшти дека за време на студијата биле застапени најмалку 13 варијанти на вирусот, наведувајќи дека оригиналната верзија на коронавирусот, што се појави во кинескиот град Вухан кон крајот на 2019 година, во овие тестирања беше речиси целосно отсутна.

Акциите на „КјурВак”, што котираат на берзите во САД, по оваа вест опаднаа за 48 проценти, на само 49 американски долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот