ВАДА ПОЛУДЕ: Ќе се продолжи со допинг тестовите без разлика на пандемијата

Светската антидопинг агенција (ВАДА) објави дека нејзините контролори мораат да продолжат со тестирање на спортистите ширум светот без ралзика што има пандемија на коронавирус.

ВАДА истовремено им даде насоки на своите контролори како безбедно да се земаат примероците за тестирање. Во тие насоки се наведува дека спортистите и контролорите мора да обезбедат соодветна заштита како и интегритет на програмата на тестирање бидејќи се наближуваат Олимписките и Параолимписките игри во Токио.

На контролорите им е најгласено дека не смеат да имаат симптоми на Ковид-10.

„ Доколку вработениот во ВАДА е позитивен на Ковид-19, веднаш мора да ги извести сите спортисти со кои бил во контакт, а истото важи и за спортистите. За време на контролите, задолжително мора да се носат заштитни маски.

Во реоните каде пандемијата го прави тестирањето далеку покомпликувано, антидопинг агенциите мора да се фокусираат на оние спортисти кои се натпреваруваат во најризичните спортови и дисциплини.

Во земјите во кои тестирањето не е возможно, националните организации и федерации мораат да соработуваат со ВАДА кога состојбата ќе се врати во нормала“, стои во соопштението на ВАДА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот