Ужас во Србија: Врсници сексуално малтретирале дете во приватна градинка

Фото: ЕПА

Две шестгодишни деца брутално малтретирале врсник во приватна градинка во српскиот град Земун, пренесува „Политика“.

Случајот го пријавил 44-годишниот татко на момчето, кој пријавил дека пред две недели неговиот син, кој има шест години, се вратил од градинката со повреди, односно црвенило на аналниот отвор. Момчето му кажало на својот татко дека двете момчиња во една од собите во градинката насила го соблекле и го малтретирале.

„Детето му кажало на својот татко дека едниот врсник го држел за рацете, а другиот му ги соблекол панталоните и му ги ставал прстите во анусот. Тој рече дека момчето се вратило од дневен престој со повреди во близина на анусот, за кои тогаш не кажало како се случиле. Таткото вели и дека детето не го однел на лекар, туку дека самите ги санирале повредите“, пишуваат медиумите.

Раководството на градинката е запознаено со овие страшни обвинувања, но засега никој не реагирал. Како што се дознава, и други родители се сомневаат дека нивните деца биле малтретирани од истите две момчиња, но управата на градинката не одговорила на нивните поплаки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот