Ужас во Белград: Момче се обидело да си ги исече вените во училиште
Вознемирувачки инцидент се случил денеска во Средното занаетчиско училиште „Петар Лековиќ“ во Белград – 17-годишен ученик се обидел да си ги пресече вените. За среќа, во намерата го спречиле професорите, а момчето од превентивни причини, само со гребнатинки, било пренесено во болница. На терен излегла и полициска патрола.
Препорачано
Директорката на училиштето раскажа што се случило:
– На часот по српски јазик и литература, наставничката слушнала двајца ученици, момче и девојче, како зборуваат дека решение за сите нивни проблеми би било да си го одземат животот. Таа разговарала со нив и рече дека не треба така да размислуваат, дека проблемите може да се решаваат полека, еден по еден и дека ќе им помогне во тоа. Часот продолжил нормално. Меѓутоа, за време на одморот помеѓу два часа, ученикот влегол во просторијата каде што седеле наставниците и почнал да крши шолји и чаши за кафе, со намера да ги пресече вените со чашата. За среќа, наставниците го фатиле за рака и спречиле трагедија, изјави директорката.
Училиштето „Петар Лековиќ“ е наменето за професионална рехабилитација на ученици со пречки во развојот и учењето.


