Утрово закани со бомби во пет училишта во Кавадарци, евакуирана и градинка

Фото Слободен печат/ Драган Митрески

Утрово пет училишта во Кавадарци добиле закани за поставени бомби.

– Денеска околу седум часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса на пет училишта, две средни и три основни во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Информацијата за заканите со бомби ја потврди градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев кој ги наведе и училиштата каде преку е-меил се добиени заканите, и додаде дека освен училиштата, во село Марена евакуирана е и градинката, заради непосредната близина на подрачното училиште.

-Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Се замолуваат родителите дека нема потреба од паника, а учениците ќе бидат вратени на настава, откако екипите ќе ги прегледаат објектите и кога ќе се утврди дека истите се безбедни, напиша Јанчев на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот