УТРИНСКИ БРИФИНГ | Јовановски: Сеедно кој е на власт, една стратешка цел мора долгорочно да се следи

Зоран Јовановски,/ фото: Слободен печат

Македонија како општество многу преживеа, но многу малку научи, вели за Утрински брифинг експерот по финансии Зоран Јовановски и потпретседател на Стопанската комора, осврнувајќи се на економските текови во земјава кои тешко се менуваат.

-За разлика од друите земји кои произлегоа од некогашната СФРЈ ние не успеавме да направиме долгорочна стратегија за развој, не успеавме да се договориме која е нашата стратешка цел која ќе се следи независно од тоа кој е на власт, вели Јовановски за Утрински брифинг.

Нашиот неуспех е, како што вели Јовановски, што пропуштивме да го следиме старото правило дека секоја генерација е должна на следната да ѝ создаде подобра стартна точка. Еден од примерите за тоа е расчекорот меѓу стопанството и образованието што континуирано се провлекува веќе 30 години.

-Ние имаме ситуација кога имаме хиперинфлација на дипломи кои не можат да се валоризираат и монетизираат, а од друга страна стопанството се соочува со недостиг на соодветни кадри. Затоа е добро што се воведува дуалното образование. Тоа значи дека младите луѓе уште додека учат знаат дека кога ќе го завршат школувањето веќе ги чека работно место, а тоа пак дава некаква сигурност и стабилност, вели Јовановски за Утрински брифинг.

Тој потенцира дека е нужно да се свртиме кон т.н. зелена економија иако е тоа скапо за мали економии како нашата. Тоа е многу битно и светски тренд е да не се оди повеќе на раст по секоја цена. Трошоците за зелени економски проекти треба однапред да се предвидат за проектот да биде економски исплатлив, вели Јовановски и додава дека долгорочно тоа е единствениот пат затоа што финансиерите повеќе не сакаат да финансираат проекти кои се потпираат на фосилни горива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот