Утринска магла го зафати Скопје

Изутринава Скопје е завеано во магла, прогнозата на УХМР вели дека денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во западните делови ќе биде променливо облачно со повремен дожд.

Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено на повисоките места каде ќе достигнува брзина над 70 км/час.

Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од девет до 21 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

Во сабота на повеќе места ќе има врнежи од дожд, а ќе дува и умерен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурите во следните денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот