Утре и задутре времен режим на сообраќај на улицата Даме Груев

Фото: Град Скопје

ЈП „Улици и патишта“ информира дека на утре и во сабота на улицата Даме Груев во насока од крстосницата со улица Димитрие Чуповски до улица Македонија ќе биде воведен времен режим на сообраќај во периодот од 8 до 15 часот поради изведба на градежни активности за реконструкција на коловозот, односно машинско гребење на оштетениот асфалт на улицата Даме Груев.

Времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а поради изведба на градежните активности ќе бидат затворени двете коловозни ленти.

ЈП „Улици и патишта“ апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

Во текот на градежните работи на овој дел од улицата Даме Груев покрај коловозот на површина од 3.250 квадратни метри, се реконструираат и пешачките патеки, нивелираат шахтите и сливниците, а планирана е велосипедска патека и уредување на зеленилото долж целата сообраќајница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот