Утре дел од скопските општини без струја
Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа во Скопје утре ќе има времен прекин на струја кај дел од корисниците во општините Студеничани, Аеродром и Карпош, најави Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.
Без струја утре од четири до 10 часот ќе бидат корисниците од селата Горно и Долно Количани, Вртекица, Рамни Габер, Црвена Вода, Цветово, Драчевица, Палиград, Алдинци, Мала Река, и сите викенд населби на пат за Караџица во општина Студеничани.
Утре од девет до 13 часот струја ќе немаат корисниците од дел од улица „Даутица” како и дел од улица „Ѓуро Салај„ во општина Ѓорче Петров, од девет до 14 часот дел од улица „Прашка”, дел од улица „Букурешка” како и дел од улица „Париска” во општина Карпош, од девет до 13.30 часот корисниците од дел од населба Лисиче, улица „Божидар Рајковиќ”, како и околината, од 08.30 до 12.30 часот корисниците од улица „Димитар Македонски” во општина Аеродром, а од девет до 14 часот корисниците од дел од улица „Његошева” како и дел од улица „Демир Трајко” во општина Карпош.