УСТАВНИ РЕФОРМИ НА ПУТИН: Руските претседатели ќе имаат имунитет од кривично гонење и по истекот на мандатот?

Иницијативата на Путин, што уследи по реструктурирањето на владата, многумина го оценија како средство за продолжување на неговото владеење по истекот на претседателскиот мандат во 2024 година.

Руските претседатели би може да добијат имунитет од кривично гонење откако ќе им заврши мандатот, врз основа на уставните реформи, изјави високиот владин претставник Павел Крашеников.

Имунитетот по завршување на претседателскиот мандат е предлог на парламентарна работна група, што уследи откако претседателот Владимир Путин минатиот месец објави реформи на политичкиот систем.

Иницијативата на Путин, што уследи по реструктурирањето на владата, многумина го оценија како средство за продолжување на неговото владеење по истекот на претседателскиот мандат во 2024 година.

– Предлозите на парламентарната работна група вклучуваат давање имунитет на поранешните претседатели од кривичен прогон, односно претседателот на Русија кога ќе му истече мандатот добива имунитет – посочи копретседателот на групата Крашеников.

Тој додаде и дека руските претседатели би можеле да станат и доживотни сенатори по истекот на мандатот.

Пратениците во Долниот и Горниот дом на рускиот Парламент уживаат имунитет од кривично гонење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот