УСС УКИМ: 12-часовни редици и лоша организација при вселување во студентските домови
Универзитетското студентско собрание на УКИМ изрази загриженост за условите и организацијата при процесот на вселување во државните студентски домови, кој започна на 9 септември 2025 година.
Препорачано
Како што наведуваат, најголеми проблеми и гужви имало во домовите „Гоце Делчев“ и „Пелагонија“, каде дел од студентите чекале и повеќе од 12 часа. од преземање на документи до добивање на соба на температури над 25 степени.
„Студентите заслужуваат достоинствен прием и современи услови уште од првиот ден на нивниот престој во студентските домови,“ порачуваат од УСС-УКИМ.
Од Студентското собрание бараат итно подобрување на организацијата преку: отворање на повеќе пултови за документи за намалување на редиците, зголемување на временскиот интервал меѓу објавувањето на конечните резултати и почетокот на вселувањето, присуство и активен мониторинг од страна на МОН, дигитализација на целиот процес за воведување современи стандарди во управувањето со домовите.
Како заклучок, УСС-УКИМ порача дека студентите се подготвени да помогнат во организацијата, а апелираат и до институциите да воспостават соработка со факултетите кои можат да понудат стручна поддршка за дигитализација.


