Уште една тешка и долга ноќ на Родос, пожарникарите и волонтерите се веќе преморени

Родос пожари / Фото EPA-EFE/MAXAR TECHNOLOGIES

Уште една тешка ноќ за Родос, пожарникарите, надлежните екипи и волонтерите се веќе преморени, а борбата со огнената стихија продолжува без престан.

Како што соопшти претходно противпожарната служба, пожарот се движи од Вати кон Генади, и според последните информации на локалните медиуми густ црн облак од чад го прекрил грчкиот остров.

266 пожарникари со 16 единици и 55 возила се обидуваат да го изгаснат пожарот, заедно со голем број волонтери и сите агенции за Цивилна заштита.

„Се бориме да го спречиме пожарот да стигне до Генади“, изјави за „Прототема“ волонтер кој сакаше да остане анонимен и кој учествува во гаснењето на пожарот.

Во областа дува силен ветер, што дополнително ја отежнува работата на копнените сили, бидејќи се создаваат нови пожари, со ширење на огнот.

Според сателитски снимки од вселенската програма на ЕУ Коперник, обемот на штетата од шумскиот пожар во Родос е огромен, со уништени повеќе од 140.000 хектари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот