Уште една опција помалку за Лапорта, ниту Мартинез не сака да биде тренер на Барселона

Мартинез останува селектор на Белгија/Тубизе,Белгија/22 септември 2021 година/фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Селекторот на фудбалската репрезентација на Белгија, Роберто Мартинез ја отфрли можноста да седне на клупата на Барселона.

По ремито со Гранада, стана јасно дека прашање на време е кога Роналд Куман ќе добие отказ на клупата на Барселона бидејќи претседателот Жоан Лапорта веќе ја започна потрагата по неговиот наследник.

Но, пронаоѓањето на замена не е оди лесно, вчера Лапорта остана со две опции помалку, а денеска уште еден од потенцијалните наследници на Куман јавно објави дека не е заинересиран да седне на клупата на Барселона.

Вчера од трката отпаднаа Андреа Пирло и Ерик тен Хаг, а денеска Роберто Мартинез самиот се „отпиша“.

Куман е во добитна позиција, Барселона ќе му исплати милиони евра доколку го отпушти или не му го продолжи договорот

– Како што претпоставувате, немам што да кажам. Тоа се гласини, секогаш ги има и тоа е нормално во фудбалот. Кога ќе загубите три натпревари се појавуваат гласини дека ќе ја загубите работата. Исто е и кога ви оди добро и постигнувате добри резултати, но во овој момент немам коментар – изјави Мартинез.

Преостанати имиња со кои шпекулираат медиумите дека ќе бидат наследници на Куман се Чави Ернандез и Антонио Конте. 

Барселона сезонава во Ла Лига има скор од две победи и две ремија за осмо место на табелата, но има и два натпревари помалку од лидерот Атлетико Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот