Уште една НБА ѕвезда донира 100.000 долари: Вие сте нашите херои

twitter/GameDayBlog

Центарот на Минесота тимбервулфс, Карл-Ентони Таунс го следеше примерот на своите колеги и донираше 100.000 долари како помош во борбата со коронавирусот.

Таунс парите ги донираше за медицискиот центар „Mayo Clinic“ во Минесота во кој минатата недела беше создаден нов тест за коронавирусот.

“ Моите надежи се дека можеме да се бориме со вирусот брзо и ефикласно така што ќе ја зголемиме можноста за тестирањата. Поради тоа донирам 100.000 долари за таа цел. Им благодарам на сите што работат во клиниката и на сите во здравството кои работат деноноќно за да не лечат. Вие сте нашите херои. Сите сме заедно во ова, ајде да се заштитиме себе си и заедницата“, напиша Таунс на својот Твитер профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот