Уште една мистериозна смрт на руски милијардер: Се урна хеликоптерот во кој патувал
Рускиот милијардер Вјачеслав Таран (53) загина во хеликоптерска несреќа во Швајцарија под мистериозни околности. Британските таблоиди наведуваат дека непосредно пред инцидентот се случиле две работи кои го направиле овој случај сомнителен.
Препорачано
Несреќата се случила на југоистокот на Франција кај селото Елзе, откако хеликоптерот во кој се наоѓал Таран полетал од Лозана.
Според британските таблоиди , кои се повикуваат на локалните медиуми од Монако, во хеликоптерот требало да патува уште еден засега неименуван патник, но тој во последен момент не се качил на кобниот лет.
Друга работа што предизвикува сомнеж е фактот дека неговиот хеликоптер се урнал во услови на добри и мирни временски услови. Во несреќата загинал и пилотот од Франција.
Заменик-јавниот обвинител во Ница го посети местото на несреќата и изјави дека засега не може да ја исклучи вината од „трето лице“, вмешано во уривањето на хеликоптерот.
Инаку, Таран е основач на трговската и инвестициската платформа Либертек и Форекс Клуб, а според некои информации бил близок до руските разузнавачки служби. Се шпекулира и дека тој наводно имал врски со странски разузнавачки служби кои оперираат во Русија.


