Влатко Стојановски/Fc Mashal Uzbekistan

Уште еден македонски напаѓач ќе игра во Узбекистан

Македонскиот интернационалец Влатко Стојановски ја продолжува својата кариера надвор од границите на земјава, откако официјално стави потпис со узбекистански Машал. Тимот од Мубарак потврди дека искусниот напаѓач ќе биде дел од составот во продолжението од сезоната.

Од клубот порачаа дека очекуваат Стојановски да внесе свежина и ефикасност во нападот, со оглед на неговото искуство и настапите во повеќе европски средини.

Поранешниот македонски репрезентативец беше без ангажман во изминатиот период по разделбата со Беса, а зад себе има богата клупска биографија. Во текот на кариерата настапуваше за Работнички, Шкендија, Ренова и Металург во Македонија, како и за Септември Софија, Горица, Ним, Шамбле, Дугопоље, Сплит и Неретванац.

Трансферот во Узбекистан претставува ново поглавје за 30-годишниот напаѓач, кој ќе се обиде повторно да ја пронајде голгетерската форма и да остави печат во странство. Ќе потсетиме во оваа земја веќе настапува Љупче Дориев во тимот на Согдиана и прикажува одлични настапи бидејќи е еден од најдобрите фудбалери и во првенството.

ФОТО | Љупче Дориев прогласен за странски фудбалер на годината во Узбекистан

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот