Уште еден Ѓоковиќ маестрален: Светски феномен со пет одбранети пенали по ред!

Фото: facebook.com/gfksloboda.rs/

Новак Ѓоковиќ доминира во светскиот тенис, а уште еден спортист од Србија кој исто така се презива Ѓоковиќ може да биде горд на досегашната статистика.

Станува збор за фудбалски феномен кој има учинок со кој може тешко да се пофалат дури и најдобрите голмани на светот.

Стефан Ѓоковиќ иако има само 18 години во дресот на Слобода Ужице успеа до сега да одбрани пет пенали по ред.

Последниот го имаше против Сушица во рамките од 12 коло во Српската фудбалска лига – Запад, во меч кој Слобода триумфираше со 1:0.

– Тоа е плод на напорна работа и дисциплина на тренинзите. За пеналите велат дека обично е среќа. Не е среќа. „Пет од пет“ не е случајно. Тој треба само да продолжи да работи и напредува и да му помогне на клубот – рече неговиот тренер Вељко Симиќ.

Дел од перформансите на овој талентиран чувар на мрежата можете да погледнете ТУКА 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот