Уште девет жени го тужат Бил Козби за сексуален напад

Фото: EPA-EFE/TRACIE VAN AUKEN

Славниот комичар Бил Козби се соочува со уште девет обвиненија за сексуален напад.

Комичарот веќе некое време се бори со обвинувањата за сексуално злоставување од различни жени, а сега уште девет го обвинија. Жените тврдат дека Козби ја искористил својата „огромна моќ, слава и престиж“ за да ги направи негови жртви.

Тие ја поднеле тужбата во средата до Врховниот суд во Невада, а во неа се наведува дека жените биле дрогирани и злоупотребувани во периодот од 1979 до 1992 година, во Лас Вегас, Рено и езерото Тахо. Местата што ги навеле жените биле нивните домови, соблекувални и хотели.

Една жена тврди дека Козби бил нејзиниот актерски ментор и дека тој ја убедувал да дојде во Невада од Њујорк. Потоа ја дрогирал и ја однел во хотелска соба каде и дал, како што тогаш ѝ рекол, безалкохолен пијалок, а потоа ја силувал.

По новите тужби, Бил Козби моментално е обвинет за силување, сексуален напад и малтретирање на повеќе од 60 жени. Комичарот ги отфрли сите обвинувања.

На почетокот на оваа година, поротата во Лос Анџелес додели 500.000 долари на жена која тврдеше дека Козби сексуално ја нападнал во замокот Плејбој кога имала 16 години во 1975 година.

Тужбата во Невада доаѓа само неколку недели откако гувернерот Џо Ломбардо го потпиша законот со кој се укинува двегодишниот рок за возрасните да поднесуваат тужби за сексуален напад. Една од тужителите, Лиз-Лот Лублин, родена во Невада, се залагаше за промена. Таа претходно тврдеше дека Козби и давал пијачки и дека ја силувал во хотел во Лас Вегас во 1989 година.

„Со години се борев за преживеаните од сексуален напад и денес е првпат да можам да се борам за себе“, изјави Лоте-Лублин. „Со новата промена во законот, сега имам можност да го изведам Бил Козби пред лицето на правдата. Моето патување само што започна, но благодарна сум за оваа можност да ја најдам правдата“, заклучи таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот