Ураганот Доријан урива во Канада, 300.000 луѓе останаа без струја

Ураганот Доријан стигна до атлантскиот брег на Канада, носејќи обилни дождови и силни ветрови, поради што повеќе од 300.000 луѓе останаа без електрична енергија.

Жителите на Нова Шкотска се подготвија за поројните дождови и евентуални поплави долж крајбрежјето, додека официјалните лица во главниот град на провинцијата, Халифакс, ги повикаа луѓето да ги обезбедат тешките предмети што можат да станат проектили заради силниот ветар.

Во центарот на градот Халифакс, ветрот собори кран, кој се урнал врз станбена зграда во изградба, пренесува Танјуг. Во јужниот дел на градот, се урна покривот на станбениот комплекс и неколку згради беа евакуирани. Властите ги повикаа сите што живеат во близина на брегот да се евакуираат и најавија дека, откако ќе заврши невремето, тие ќе ја испратат војската за да помогне во обновата.

Доријан сега е во категоријата на многу интензивна посттропска бура, со ветрови од 150 километри на час, што е еднакво на ураганот од категорија два, соопшти канадскиот центар за урагани.

Минатата недела Доријан ги опустоши Бахамите како бура од категорија пет, уништувајќи околу 60 проценти од територијата на земјата и оставајќи зад себе 43 жртви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот