Универзитетот во Кембриџ нема да прифаќа донации од компании за фосилни горива

Универзитетот во Кембриџ / Фото Архива на СП

Британскиот Универзитет Кембриџ денеска објави дека, по кампања на студенти и академици, усвоил мораториум за нови донации за компаниите за фосилни горива.

Одлуката следи по препораките во минатогодишниот извештај на поранешниот претставник на ОН за климатски промени Најџел Топинг.

Кембриџ објави дека суспензијата е усвоена во петокот „со оглед на посветеноста на универзитетот за справување со климатските промени преку транзицијата кон свет без јаглерод“.

Според извештајот на Топинг, универзитетот добива релативно мали донации од индустриски партнери, што изнесува 5,1 отсто од вкупниот буџет за истражувачки и хуманитарни програми.

Ова изнесува околу 3,3 милиони фунти годишно во последните шест години.

Индустриите за фосилни горива учествуваат со 0,4 отсто во финансирањето на истражувачки и хуманитарни програми, а нивните донации сочинуваат 0,1 отсто од вкупниот приход на универзитетот, се наведува.

Одлуката на Кембриџ првпат беше објавена во понеделникот од Фајненшл тајмс, кој напиша дека универзитетот прифатил 19,7 милиони фунти од нафтените гиганти БП и Шел во периодот од 2016 до 2023 година. Универзитетот има за цел да постигне нула нето емисии на стакленички гасови до 2038 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот