Уништени два контејнера на Партизанска при сообраќајка

Фото: ЈП Комунална хигиена-Скопје

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје информира дека вчера, при сообраќајна несреќа на булеварот „Партизански одреди“, во близина на Универзалната сала, биле комплетно уништени два пластични контејнера со зафатнина од 3,2 кубни метри.

-По добиената дојава дека е случена сообраќајна незгода, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје веднаш излегоа на терен при што е констатирано дека двата контејнера лоцирани на булеварот „Партизански одреди“ бр. 49 се целосно уништени и неупотребливи. Во најкус можен рок, садовите беа заменети со нови, со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад на оваа локација, изјави в.д. директорката на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.

До сообраќајката дошло откако два автомобили се тркале на булеварот „Партизански Одреди“, при што едниот автомобил удрил во контејнерите, а потоа искришил неколку метални столбови.

Во текот на изминатите неколку дена, забележано е опожарување на два пластични контејнера со зафатнина од 1,1 кубен метар, лоцирани на булеварот АСНОМ, во општината Аеродром, како и на улицата „Владимир Полежиновски“, во општината Центар.

– Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје извршија замена на опожарените контејнери и на посочените локации се поставени нови садови наменети за одлагање на комуналниот отпад, соопштуваат од претпријатието.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот