Уникатна линија накит која ја слави заедницата на луѓето со оштетен слух

Instagram

Американскиот модел, актер и активист Чела Ман користи помагала за слушање уште од детството, а сега го промени светот на накитот воведувајќи специјално дизајнирани обетки што се наменети за луѓето со оштетен слух.

Чела Ман и дизајнерите на њујоршкот бренд „Private policy“, Сијинг Ку и Хоаран Ли, заеднички презентираа накит наменет за луѓето со оштетен слух кои користат помагала за слушање.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chella Man (@chellaman)

Како уметник и човечко суштество, отсекогаш сакав целосна контрола врз моето тело и начинот на кој го презентирам. Ова создаде конфликт откако го добив моето прво помагало за слушање, а потоа и имплант… Бев благодарен за оваа опција, но немав контрола над нивниот дизајн“, вели тој.

Дизајнот е иновативен, креативен и привлечен со што се издвојува во морето најразлични обетки и украси за уши. Обликот е инспириран од самиот дизајн на апаратчето.

Никогаш не ми се допаѓаше изгледот на апаратчето за слушање. Сега луѓето, кога ја носам оваа колекција накит, не го ни забележуваат моето апаратче, иако порано се обидуваа да го сокријат додека бев на сет. Ова сакав да го направам со години“, рече Ман.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chella Man (@chellaman)

Лимитираната колекција беше лансирана овој месец, а 50% од заработката од накитот ќе биде донирана во американската организација „Deaf Queer Resource Center“, пишува „Vogue“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот