УНИЦЕФ: Земјите од Г7 да донираат вакцини на Ковакс програмата

Фото: Драган Митрески - Слободен Печат

Извршниот директор на УНИЦЕФ исто така рече дека земјите од Г7, ако поделат само 20 проценти од залихите на вакцини во текот на јуни, јули и август, ќе се соберат 153 милиони дози.

Индија, која во моментов е најголемото жариште на коронавирус во светот, има ограничен извоз на вакцината „АстраЗенека” произведена од нејзиниот Институт за серум.

Тие вакцини произведени во Индија беа планирани за програмата Ковакс, но Индија не може да ги испорача бидејќи и се потребни за сопственото население во борбата против големиот втор бран на епидемијата на коронавирус.

Шефот на УНИЦЕФ, Анриета Форе поради тоа побара од земјите од Г7 да донираат вакцини на глобалната програма Ковакс за да се надомести сериозниот недостиг во однос на нарушувањата на извозот на вакцини од Индија.

Форе, која е задолжена за доставување вакцини преку Ковакс, проценува дека ќе има недостиг од 140 милиони дози до крајот на мај и околу 190 милиони до крајот на јуни.
– Треба веднаш да се подели вишокот дози како основна и суштинска мерка за пополнување на недостигот, рече таа, додавајќи дека тоа ќе им помогне на ранливите земји да не станат нови глобални жаришта.
Извршниот директор на УНИЦЕФ исто така рече дека земјите од Г7, ако поделат само 20 проценти од залихите на вакцини во текот на јуни, јули и август, ќе се соберат 153 милиони дози.
Таа верува дека ова може да се направи во исто време кога тие земји продолжуваат да ги исполнуваат целите за вакцинирање на сопствената популација.
Програмата Ковакс, водена заеднички од Светската здравствена организација и Алијансата за вакцини ГАВИ, претежно ја користи вакцината на „АстраЗенека” и планира да дистрибуира две милијарди дози ширум светот оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот