петар маѓар

Унгарија ги затвора вратите за работници од земји што не се во ЕУ

Новата унгарска влада се соочува со реакции од компаниите и од инвеститорите поради планот од следниот месец да престане со издавање визи за работници од земји надвор од Европската Унија, објави „Ројтерс“.

Центристичката партија Тиса на премиерот Петер Маѓар, која ја прекина долгогодишната власт на Виктор Орбан по изборите во април, најави дека мерката има цел да ги заштити работните места и платите на унгарските граѓани.

„Нема да дозволиме странски работници да им ги земаат работните места на Унгарците и да ги намалуваат платите“, стои во програмата на Тиса.

ВИДЕО | Новиот премиер на Унгарија го разоткрива луксузот на Орбан

Сепак, деловните здруженија и компаниите предупредуваат дека ограничувањето на визите може сериозно да влијае врз индустријата и врз услужниот сектор, каде веќе постои зависност од странска работна сила. Компаниите велат дека краткиот рок за воведување на мерката може дополнително да создаде проблеми во производството и вработувањето.

Според официјалните податоци, странските работници сочинуваат околу два отсто од работната сила во Унгарија, но во одредени фабрики нивниот удел достигнува и до 20 проценти.

Сандор Баја, директор на агенцијата за вработување „Рандстад“ за Унгарија, Чешка и Романија, предупреди дека целосна забрана за работници надвор од Европската Унија „нема да биде одржлива на долг рок“, особено поради стареењето на населението.

За разлика од Полска и од Чешка, Унгарија не прими поголем број украински бегалци и работници кои би можеле да помогнат во ублажување на недостигот на кадар на пазарот на труд.

Орбан со порака до новата власт: Ако не се борите за Унгарија, бриселските бирократи ќе ве прегазат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот