Фото: Фејсбук

Улицата „Алексо Демниевски“ во Диво Маало добива 13 новоасфалтирани краци

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски истакна дека во тек е реконструкција и асфалтирање на 13 краци краци од улицата „Алексо Демниевски“.

-Овој проект не значи само реконструкција на улици – туку враќање на достоинството на граѓаните, создавање на пристоен амбиент за живеење, и конечно – излез од калта и дупките што со децении беа секојдневие- истакна градоначалникот.

Фото: Фејсбук

Според Стојкоски, со овој проект жителите на населбата Диво Маало ќе добијат нови коловози на површина од вкупно 11.420 квадратни метри. Тој додаде дека вкупната должина на коловозите е нешто над 3 километри, а вкупната сума за оваа реконструкција ја чини општината 14.8 милиони денари, или околу 240 илјади евра со вклучено ДДВ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот