Украинските сили тврдат дека убиле уште еден руски генерал во близина на Харков

Украински војници/ Војна Украина/ Фото EPA-EFE/ALISA YAKUBOVYCH

Украинското воено разузнавање соопшти дека украинските сили убиле руски генерал во близина на опколениот град Харков, вториот руски висок командант кој загинал во инвазијата, јави Ројтерс.

Генерал-мајор Виталиј Герасимов, првиот заменик-командант на 41-та руска армија, е убиен во понеделникот, се вели во соопштението на главниот директорат за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина.

Друг руски генерал, Андреј Суховецки, исто така заменик командант на 41-та армија, беше објавено дека е убиен кон крајот на февруари.

Украина соопшти дека нејзините сили убиле повеќе од 11.000 руски војници. Русија потврди околу 500 загуби.

Ниту една страна не ги откри украинските жртви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот