Украински преговарач за улогата на Роман Абрамович во преговорите

Роман Абрамович бара купувач за Челси/ фото: EPA-EFE/ANTHONY ANEX

 Дејвид Арахамија, шефот на украинската делегација во преговорите со Русија, позитивно ја оценува улогата на рускиот олигарх Роман Абрамович во преговорите, во прво време како „неофицијален канал за комуникација”.

– Всушност, да бидам искрен, улогата што ја игра е многу позитивна. Но, не разбирам зошто почна да игра јавна улога. Во почетокот тој беше дополнителен канал во комуникациите, неофицијален канал што помага да се зборуваат сложени работи на нормален човечки, а не на дипломатски јазик, изјави украинскиот преговарач.

„Тој повеќе не се ни крие, тој е веќе дел од лицата вклучени во преговорите”, рече тој.

Арахамија смета дека Абрамович се обидува да се позиционира како неутрална страна во преговарачкиот процес.

– Иако не го доживуваме како неоутрална страна, сепак можеме да кажеме дека тоа е понеутрална од официјалната страна на преговорите, додаде шефот на украинската делегација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот