Фото: EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

Украинците тврдат дека уништиле 30 руски дронови

Украинската противвоздушна одбрана ноќеска уништила 30 дронови „Шахед“ во јужниот дел на земјата, пренесе Укринформ, повикувајќи се на објава на Јужната команда на Украина.

„Триесет напаѓачки беспилотни летала беа уништени во нашата област на одговорност од страна на силите за воздушна одбрана: 20 во регионот Виница, шест во регионот Одеса, четири во регионот на Николаев“, се наведува во соопштението на командата.

По нападот силен пожар избувна на инфраструктурна локација во Калиновка. Властите во украинскиот регион Виница рано утринава наредиле делумна евакуација на градот.

-Во овој момент нема потреба од општа евакуација, освен во непосредна близина на погодените област, изјави градоначалникот на Калинивка, Васил Полишчук.

Со цел да се заштити цивилното население од ширење на пожарот, локалните власти веднаш презедоа подготвителни мерки за евакуација. Но, бидејќи пожарот беше под контрола, евакуацијата беше непотребна, додаваат властите.

Нема извештаи за жртви а нема детали ни за тоа која цел е погодена или со кое оружје, пренесуваат британските медиуми.

Регионалниот гувернер Серхи Борзов само кажа дека е погодена „неодредена инфраструктурна локација“, термин што украинските власти понекогаш го користат за објекти кои произведуваат електрична енергија или за напади врз други важни објекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот