Украинците тврдат дека го убиле командантот на руската Црноморска флота

Гори воена база на Крим / Фото: Not supplied / WillWest News / Profimedia

Украинската армија тврди дека го убила командантот на руската Црноморска флота во напад на нејзиното седиште што се случил во петокот во Севастопол, во анектираниот Крим.

„Триесет и четири офицери, вклучително и командантот на руската Црноморска флота, загинаа по нападот“, објавија украинските специјални сили на Телеграм, без да наведат никакви докази.

„Повредени се уште сто и пет лица. Зградата на штабот не е поправена“, потврди истиот извор.

Агенцијата АФП наведува дека не може да ги потврди овие тврдења, додека Москва речиси никогаш не известува за загуби во Украина, дури и кога станува збор за високи функционери.

Русија во петокот извести дека само еден војник се води за исчезнат откако во напад тешко е оштетено седиштето на руската Црноморска флота.

Нападот ја илустрира тешкотијата на руската противвоздушна одбрана во спротивставувањето на редовните напади на украинскиот полуостров, кој беше анектиран од Русија во 2014 година и е важен логистички центар за силите на Москва.

Украина вети дека ќе ги врати сите територии окупирани од Москва, вклучувајќи го и Крим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот