ВИДЕО | Украинците го нападнаа Луганск

Луганск Фото: Скриншот

Најмалку две експлозии денеска одекнаа во Луганск, град под руска окупација, пишува Украинска правда.

На социјалните мрежи се објавени повеќе снимки на кои се гледа чад што се издига над местото на нападот.

Русите информираа дека експлозиите се случиле во близина на автобуска станица. Првите информации укажуваат дека се работи за ракетен напад.

– Според прелиминарните информации, украинските војници истрелале два ракети од типот „Storm Shadow“ кон Луганск – изјави неименуван функционер на самопрогласената Луганска Народна Република за руската државна новинска агенција Тас.

Новинар на Тас од местото на настанот извести дека во нападот биле оштетени неколку станбени згради и оти на терен излегле припадници на итната помош.

Русите наведуваат дека ова е прв напад врз градот од мај минатата година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот