Украинците Божиќ ќе го слават на 25 декември, потпиша Зеленски

Зеленски / Фото EPA-EFE/KIMMO BRANDT

Украина Божиќ наместо на 7 јануари, како што го славеше досега, ќе го слави на 25 декември, согласно Законот што денеска го потпиша претседателот, Володимир Зеленски.

Украинскиот народ долго време беше подложен на руската идеологија во речиси сите аспекти на животот, па така Божиќ се славеше според јулијанскиот календар, на 7 јануари, се вели во образложението на текстот што беше изгласан во средината на јули.

Според новиот закон, Денот на украинската државност ќе биде поместен од 28 јули на 15 јули, а на 1 октомври наместо на 14 октомври ќе се одбележува Денот на бранителите на Украина и Покров на Пресвета Богородица.

Независната (автокефална) православна црква на Украина вчера го усвои новиот јулијански календар, а промената ќе стапи во сила на 1 септември.

Тоа значи дека датумот на верските прослави на Божиќ ќе се помести од 7 јануари на 25 декември.

До неодамна, и Православната црква на Украина и украинските гркокатолици го користеа само јулијанскиот календар, кој го користеше и Руската православна црква.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот