Украина почна да користи касетни бомби коишто се забранети во 100 други земји
Украина почна да користи касетна муниција, која и беше доставена од САД, против руските сили на југоистокот на земјата, објави денеска „Вашингтон пост“, повикувајќи се на неименувани украински претставници.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според американскиот весник, украинската армија користи касетна муниција против добро утврдените позиции на руската армија, поради што е прекината летната контраофанзива.
Украинскиот полковник Олександр Бакулин оваа недела изјави дека на Киев му е потребна касетна муниција за да „нанесе максимална штета на непријателската пешадија“.
Во меѓувреме САД потврдија дека им дале касетни бомби на украинската војска,
Касетната муниција испорачана од САД е во рацете на Украина и распоредена на терен.
Добивме некои првични повратни информации од Украинците и тие ја користат доста ефикасно“, изјави денеска портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби.
Употребата на касетни бомби е забранета во повеќе од 100 земји според Конвенцијата за касетна муниција. Меѓутоа, Украина, Русија и САД не се потписници на Конвенцијата.


