Украина: На Путин му останува само една опција, но тој одбива да ја прифати

воена парада москва русија 2022
Фото:EPA-EFE/MIKHAIL METZEL / KREMLIN POOL / SPUTNIK MANDATORY CREDIT

Наместо да го прифати и признае поразот, Путин фрла сѐ повеќе ресурси во војната, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во интервју за американското непрофитно Националното јавно радио (НПР).

„Ако го погледнам бојното поле и ситуацијата во моментов, мислам дека Путин нема премногу опции. Всушност, мислам дека има само една опција, но не сака да ја прифати. А таа опција е пораз во војната, рече тој.

Според Кулеба, комплексноста и трагедијата на овој момент е тоа што наместо да се соочи со вистината, Путин фрла се повеќе ресурси во борбата, и најважно човечки ресурси, обидувајќи се да победи по секоја цена. Но, тоа нема да се случи, рече тој.

Како што во неколку наврати изјави Кулеба, најкраткиот пат за враќање на мирот и безбедноста во Европа е да ѝ се обезбеди на Украина сето потребно оружје за да може таа да го победи рускиот агресор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот