Михаил Федоров (lлево) нов министер за одбрана на Украина - Извор Телеграм

Украина доби нов министер за одбрана

Врховната рада на Украина го поддржа назначувањето на Михаил Федоров за нов министер за одбрана на земјата, објави пратеникот Јарослав Железњак на Телеграм, пренесуваат украинските медиуми.

Според него, Федоров добил поддршка од 277 пратеници, со што официјално ја презел функцијата. Тој е четвртиот министер за одбрана на Украина од почетокот на вооружениот конфликт.

Назначувањето на Федоров следеше по разрешувањето од страна на украинскиот парламент на претходниот министер за одбрана, Денис Шмигал. Шмигал поднесе оставка во петок, 9 јануари.

Промените на врвот на министерството за одбрана доаѓаат во време на континуирани интензивни борбени операции и во услови на зголемен домашен и надворешен политички притисок врз раководството во Киев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот