Укинати сите рестриктивни ковид мерки, маски само на одредени места

Комисија за заразни болести Мехмедовиќ-Петличковски (1)
Д-р Александар Петличковски и Д-р Злате Мехмедовиќ / Фото: МИА

Епидемиолошката состојба со ковид-19 во земјава, според надлежните, е стабилна, а активни се 572 случаи. Поради подобрената епидемиолошка состојба, Владата вчера донесе одлука за укинување на сите ковид-мерки, со исклучок на задолжителното носење заштитни маски во здравствените домови, аптеките и центрите за нега на стари лица и лица со посебни потреби.

– Со заклучок од седницата, Владата ги реафирмира препораките за почитување и практикување на основните превентивни мерки за заштита како што се негрупирање и одржување физичка дистанца, носење заштитни маски на јавни места, посебно во затворен простор кога нема можност за физичка дистанца, како и редовна лична хигиена, проветрување на затворените простории и самоизолација во домашни услови при услови на симптоми на заболувања на респираторниот систем, соопштија вчера од владината прес-служба.

Со заклучоците од седницата на Владата им се препорачува на здравствените домови да ја интензивираат теренската вакцинација на возрасните лица над 80 години заради нискиот опфат со имунизација на оваа старосна група, како и да продолжи вакцинацијата меѓу здравствените работници.

Од Комисијата за заразни болести порачуваат дека вакцинацијата и понатаму останува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението. Комисијата на дневна основа ја следи состојбата со КОВИД-19 и како што соопшти претходно Министерството за здравство, доколку има потреба ќе бидат препорачани нови мерки.

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 21 нов случај на ковид-19, од направени 773 тестови во тек на претходните 24 часа, Од новите случаи, во Скопје се 9, Битола 5, Кавадарци и Охрид по 2 и Штип, Кичево и Делчево по 1. Од 71 оздравен пациент од Битола се 21, Скопје 16, Кавадарци и Охрид по 7, Кичево 5, Прилеп и Берово по 4, Куманово 2 и Штип, Кочани, Неготино, Ресен и Демир капија по 1.

Вчера беа регистрирани 71 оздравен пациент, а во текот на изминатите 24 часа немаше пријавено починати лица. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин” дополнително се регистрирани две починати лица од Скопје (66г) и Штип (80г). Лицата, кои починале во домашни услови, се регистрирани како починати во периодот од 29.04. до 01.05.2022 година, соопшти Министерството за здравство.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.790, бројот на оздравени пациенти е 299 936, на починати е 9 282. Досега во државава се направени 2.023.422 тестирања на ковид-19.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот