Фото: Кумановски муабети / Јутјуб / скриншот

УЈП најави дека ќе ги прифаќа сите докази за платен данок во странство

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова, денеска повтори дека оданочувањето на граѓаните кои оствариле доходи работејќи во странство е обврска предвидена со Законот за данок на личен доход и не станува збор за воведување нови, ретроактивни давачки. По средбата во Сојузот на стопански комори, таа истакна дека оваа законска одредба е на сила уште од 2020 година.

Главниот предизвик со кој се соочуваат граѓаните во моментов е обезбедувањето на веродостојни докази за веќе платен данок во државите каде што работеле. Петрова најави дека УЈП ќе покаже флексибилност за да им излезе во пресрет на обврзниците.

„Управата ќе прифаќа сите видови докази за платен данок во странство и веќе покренуваме административна соработка со странските даночни администрации за службена проверка на податоците“, изјави Петрова.

„Празна ви е касата, затоа даночите”: Печалбарите од Куманово бараат УЈП по службен пат да си ги обезбеди потврдите за платен данок од Ирак и Авганистан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот