УЕФА ја следи ситуацијата со коронавирусот, ќе се одложи ли Европското првенство 2020!?

фото: УЕФА

Членот на Извршниот одбор на УЕФА, Микеле Ува, за „Раи“ вели дека се од европската куќа на фудбалот се во фаза на чекање…

– Сè уште не е познато до кој степен епидемијата на коронавирус што ја погоди Италија, една од 12-те земји домаќини на наредното ЕП, ќе влијае на одржувањето на континенталниот собир, кој е закажан да започне во јуни – изјави денеска потпретседателот на УЕФА.

Бројот на случаи во Италија се зголеми на скоро 300, при што седум лица загинаа од опасниот вирус. Најмногу се погодени најсеверните региони Ломбардија и Венето.

Откажани се бројни спортски настани во Италија, вклучувајќи ги и натпреварите во Серија А, а шесте натпревари закажани за викендот ќе се играат пред празни трибини.

Во Рим, кој ќе биде домаќин на отворањето на ЕП на 12 јуни, во моментов нема случаи на коронавирус, но челниците на европскиот фудбал се претпазливи и велат дека внимателно ја следат ситуацијата.

– Ние сме во фаза на чекање. Ние ја следиме ситуацијата во секоја земја и мора да ги следиме наредбите на владите на тие земја – рече член на Извршниот одбор на УЕФА, Микеле Ува, за „Раи“, додавајќи дека спортските натпревари ќе бидат откажани само доколку ситуацијата се влоши.

Наполи денеска ќе ја пречека Барселона во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите, а немаше предлози да се одложи натпреварот или да се игра пред празни трибини.

Дуелот Интер и Лудогорец во Милано во Лига Европа во четврток ќе се игра без гледачи, а на сите што купиле билети ќе им бидат вратени парите.

Италијанската федерација на мечување објави дека го откажала Светскиот куп, кој требаше да се одржи во Падова од 6-8 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот