Убиен матичниот лекар Ацо Трповски, пронајден во неговиот автомобил

Возила на Итна медицинска помош / Фото: Архива на „Слободен печат“

Матичниот лекар Ацо Трповски синоќа во 23 часот бил пронајден без знаци на живот, со убодни рани по телото, во неговиот автомобил паркиран на паркинг во непосредна близина на поликлиниката Железара. Станува збор за лекар кој имал приватна ординација и е на 67 годишна возраст.

– Инспекторите се овде. Докторот е вработен во приватна здравстствена установа која приватна концесија доби од кај нас и работеше активно, како втор тим. Поликлиниката работи до 19 часот и 30 минути, немаме дежурна служба, така што ова се случило после работното време. Паркингот е на стотина метри од поликлиниката и сите го користиме, изјави за „Слободен печат“ директорот на поликлиниката Железара Александар Вељановски. 

Од МВР за „Слободен печат“ потврдуваат дека тој бил пронајден од неговите синови кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. Лекар од итната помош констатирал смрт а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Истражните органи преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претседателката на Здружението на приватни матични лекари, доктор Лилија Чолакова Дервишова, за „Слободен печат“ кажа дека станува збор за врвен лекар, со огромен стаж и целата медицинска фела е во шок од трагедијата. Според нејзините информации, лекарот вечерта посетил настан организиран од фармацевтска компанија за лек, а потоа не се вратил дома по што семејството и пријателите почнале да го бараат.

Дежурен обвинител од ОЈО Скопје извршил увид на лице место во скопската населба Железара каде во текот на ноќта било пронајдено безживотното тело на доктор Трповски со повеќе убодни рани. Телото на починатиот го пронашол неговиот син. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција како и наредба за прибирање и анализа на сите траги пронајдени на лице место и за обезбедување на снимки од видеонадзорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот