Фото: Фејсбук/Мартин Сипковски

Убиен е водачот на навивачите на „Партизан“ од Земун – Македонецот што се разнесе во Белград сакал да го убие Тадија Пантиќ?

Водачот на навивачите на „Партизан“ од Земун, Тадија Пантиќ, двапати претходно избегнал ликвидација — првин во јуни, кога напаѓачи на скутери отворија оган кон автомобилите со навивачи на мостот Газела. Вториот инцидент се поврзува со загинатиот македонски ракометар Мартин Сипковски, за кој се сомнева дека бил ангажиран да го убие Пантиќ, но случајно го активирал експлозивот во изнајмениот стан во Белград.

Постојат сомнежи дека Македонецот Мартин Сипковски бил претходно ангажиран да го убие момчето коешто беше убиено вчера во Белград, 25-годишниот Тадија Пантиќ, објави „Нова“.

Тадија бил водач на навивачката група на ФК „Партизан“ од Земун и досега двапати избегнал сериозни напади.

Првиот случај бил за време на пресметка меѓу навивачи на мостот Газела во јуни. Тадија бил таму. Камерите снимиле како напаѓачи на скутери ги опкружуваат автомобилите во кои биле навивачите на Партизан што се враќале од кошаркарски натпревар, а во еден од автомобилите бил и Тадија. Тогаш бил отворен оган.

Вториот случај се поврзува со смртта на македонскиот поранешен ракометар Мартин Сипковски кој загина во експлозија во изнајмен стан во центарот на Белград, а наводно бил ангажиран да го убие Тадија. Како што се сомнева, Мартин случајно го активирал експлозивот.

ВИДЕО | Силна експлозија во центарот на Белград: На станарите им е забрането да ги напуштаат домовите

Извор вели дека Тадија веќе претходно трчал и бегал од својот егзекутор откако забележал дека некој го следи.

– Се сомнева дека Тадија одел по патеката што води меѓу зградите и во еден момент наводно видел дека некој го следи, па потрчал кон обложувалница, но напаѓачот го стигнал и почнал да пука врз него – вели извор запознаен со приликите.

За потсетување, двајца мажи на скутер му пришле на Тадија Пантиќ и пукале во неговите глава и тело. Пукањето го слушнале многу очевидци, а наскоро било забележано и телото на момчето зад една трафика. Скутерот бил без регистарски таблички.

 

Пријателите на убиениот веднаш пристигнале на местото, а таму била и неговата сестра која плачела и ги молела полицајците да ѝ дозволат да го види брата си уште еднаш.

Во Зeмун и во Нов Белград е во тек полициската акција „Вихор 3“.

Момче убиено во Белград

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот