Фото: МИА

Убиецот на Нешковски тешко ќе биде екстрадиран ако има бугарски пасош!

Бегалецот Игор Спасов, поранешен полициски специјалец и осуденик за убиство, вчера, по две години бегство од Македонија, е уапсен по пријава за семејно насилство во Софија, Бугарија. За време на увидот од бугарската полиција било утврдено дека тој бил баран од Интерпол.

Бугарското МВР потврди дека Спасов е приведен во понеделникот, но не соопшти каква ќе биде постапката понатаму. Спасов влегол во Бугарија од Турција пред извесно време.

Засега е нејасно дали Спасов има бугарско државјанство. Ако се испостави дека има, тоа може да ја искомпликува постапката за негова екстрадиција во Македонија.

Додека Спасов беше во бегство цели две години, никој во Македонија не презеде одговорност, ниту пак беше посочен како виновник кој направил пропуст за да се случи бегството. Обвинителството, по допрен глас, во ноември 2019 година отвори предистражна постапка за овој предмет. Оттогаш до денес се испитува дали специјалецот користел лажна документација за болест за да го избегне одењето во затвор и на крајот на побегне.

До ден-денес не се соопштени имињата на одговорниот обвинител и судија кои дозволиле Спасов да остане толку долго на слобода. Со медицинската документација која ја поднесувал речиси две години, со здравствени причини го оправдувал своето отсуство за да не се врати во затворската ќелија се додека не избега. На 30 октомври 2019 година, МВР распиша потерница по Спасов и таа сѐ уште е активна.

Поранешниот припадник на „Тигрите” беше осуден на 14 години затвор за убиството на Нешкоски што се случи на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година. Тој има досега отслужено шест години затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот