Убавината скапо ја чинела, поради силните третмани косата ѝ опаднала, бубрезите ѝ откажале, а починала во болки!

профимедиа

За да биде убава и русокоса користела бројни третмани, а тие ѝ предизвикале низа здравствени проблеми…

Мерилин Монро е веројатно најславната русокоса, но првата позната платинеста русокоса убавица била секс симболот Џин Харлоу, од 1930-те години. Ни нејзиниот фризер не можел да добие боја каква што таа имала.

За да го направи славен својот филм, продуцентот Хјуард Хјуз сакал Џин да добие незаборавен надимак што ќе биде допадлив на публиката. По неколкуте идеи и предлози, победил надимакот „платинесто- русокоса убавица“ и за таа цел нејзината пепелесто руса коса ја обоиле во бело-руса нијанса претворајќи ја така во вистински секс симбол.

профимедиа

За да го промовираат нејзиниот филм, публицистите во студиото понудиле 10.000 долари на билокој фризер кој би можел да направи боја која би била идентична на нејзината.

Но, се разбира, никој не успеал во тоа. Тогаш на пазарот не постоела бела нијанса која косата би ја направила секси бела како на Џин. Нејзиниот личен фризер, Алфред Пагано, ја открил тајната години подоцна.

„Користевме пероксид, амонијак и Клорокс, може ли да верувате во ова?“, рекол Пагано.

Оваа постапка на боење на косата Џин ја применувала секоја недела. Тоа дефинитивно не ѝ било забавно, но глумицата знаела дека косата е дел од нејзиниот имиџ, подеднакво како и нејзиното тело и незаборавниот глас.

Меѓутоа, на крајот, косата на глумицата почнала да ѝ опаѓа поради токсичните третмани. После тоа престанала со тие третмани и почнала да носи перика.

профимедиа

Џин во 1937 година, на врв на својата кариера, починала од престанување на работа на бубрезите. Некои веруваат дека токсичните третмани на косата ја предизвикале нејзината смрт, но тие мислења воглавно се отфрлени.

Освен проблеми со бубрезите, Џин имала низа други здравствени проблеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот